1425 сообраќајни прекршоци изминатите два дена на територија на цела држава, 333 за брзо возење
Продолжувајќи со засилените сообраќајни контроли по патиштата низ земјава во текот на изминатите два дена (28/29.04.) полициските службеници издале вкупно 1425 платни налози за сторени прекшоци по основ на одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила.
Притоа, во рамки на оваа бројка, а по основ на преовладувачките прекршоци што ги прават учесниците во сообраќајот – неправилно паркирање и пречекорување на брзината на движење, беа регистрирани 415, односно 333 прекршоци.
Покрај ова, без возачка дозвола регистирани биле 144 возачи, потоа 71 учесник во сообраќајот биле санкционирани за неносење сигурносен појас, 39 возачи на мотоцикл за неносење на заштитна кацига, а пак 64 за користење на мобилен телефон при возење.
Исто така, според статистичките податоци, во шест случаи возачи минале на црвено светло, во 18 случаи кај возачи било утврдено недозволено количество алкохол во крвта, а санкционирани биле и 15 пешаци.
По основ пак на Законот за возила 48 возила биле отстранети од сообраќај и тоа 14 заради техничка неисправност а 34 возила се отстранети од сообраќај затоа што биле нерегистрирани.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи, особено за време на утрешниот празник возачите да не седнуваат зад воланот под дејство на алкохол. Одговорното однесување во сообраќајот е предуслов за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.
Ново на Сител
-
Цените на производите во грчките супермаркети речиси непроменети во споредба со лани
-
Се подготвува нов модел за привлекување патници, преговoри за авиолинија од Будимпешта до Охрид
-
Администрацијата на Трамп ќе замрзне милијарди долари грантови за Харвард
-
Анкета на ЈуГов: Трета светска војна е веројатна за пет до десет години
-
Tриесет и четири години од загинувањето на Сашко Гешовски, прва жртва при распадот на Југославија
-
Трамп за фотографијата на која е претставен како папа: Не им се допаѓа на фејк медиумите, католиците ја сакаат
-
Ројтерс ја освои Пулицеровата награда за истражувачко новинарство
-
Осумдесет години од кодификацијата на македонскиот јазик