141 сообраќајни прекршоци во Скопје
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (29.09.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 141 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 19 санкции, 13 мерки за возење без возачка дозвола, пет санкции за возење под дејство на алкохол.
Изречени се шест мерки за користење мобилен телефон, четири санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), девет мерки за непочитување на првенство на минување, четири санкции за возач почетник, три мерки за прекршоци што ги прават пешаците...
Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.
Ново на Сител
-
Реакции на земјите ширум светот на израелскиот напад врз Иран
-
Возејќи мопед под дејство на алкохол удрил во малолетничка, приведен возач во Радовиш
-
Израел соборува ирански дронови над Саудиска Арабија
-
Апел на МНР: Избегнувајте патувања во Израел и Иран
-
АПЕЛ ЗА ПОМОШ: Се трага по Владимир од Штип
-
Повеќе од 200 борбени авиони учествуваа во нападите врз Иран
-
Откажани летови низ Блискиот Исток
-
Во Кочани уапсени 13 полицајци и началници кои биле на должност вечерта кога се случи трагедијата