Македонија
14. November 2021 - 12:54

141 санкции за возење под дејство на алкохол на територија на Република Македонија

Во текот на изминатата вечер (13/14.11.2021) спроведена е зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на Република Северна Македонија, при што санкционирани се 141 возач. Од нив, 34 на територијата на СВР Скопје, 25 на територијата на СВР Битола, 20 на територија на СВР Тетово...
 
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.