14-годишник ненадејно починал во битолско, му се слошило додека бил на роденден
Во битолското село Крстоар, вчера ненадејно почина малолетник, чија смрт ја вознемири битолската јавност.
Според информацијата на СВР Битола, вчера, попладне околу 16 часот и 45 минути, од Итната медицинска помош Битола било пријавено дека околу 15.30 часот во атарот на село Крстоар, битолско, на малолетник од Битола му се слошило и паднал по што бил пренесен во Клиничка болница Битола, каде што лекар констатирал смрт без траги на насилство, соопшти битолската полиција.
Неофицијално момчето кое било осмо одделение, било на роденден кај другар.
Според кажувања на родители чии деца биле присутни на забавата, момчето, наводно било гостин на роденденска прослава кај свое другарче и попладнето во еден момент додека си играле на ливадата, во близина на Крстоарски манастир, со останатите деца, му се слошило и паднало на земја. Веднаш била повика итна медицинска помош.
По смртта на малолетникот, бил извршен увид, а по наредба на јавниот обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.
Ново на Сител
-
ОЈО: Откриено поголемо количество амфетамин во Скопје, отворена постапка против шест лица
-
Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита
-
Полициски службеник од Гостивар фингирајќи кражба одзел предмети претходно запленети при претрес
-
Амандманската комисиска расправа за ребалансот на буџетот почнува в понеделник
-
Во мај за работите на коридорите 8 и 10д исплатени 681.026.665 денари
-
Поднесено обвинение против поранешниот директорот на Геријатрија и неговиот човек од доверба за примање поткуп
-
Погребот на Жота и Силва во сабота во Гондомар
-
Повредени 47 лица во судир на два градски автобуси во јужно предградие на Атина