1336 сообраќајни прекршоци изминатиот викенд
Во деновите од изминатиот викенд (05./06.07.2025) како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализириаат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 1336 издадени платни налози дури 212 прекршоци се однесуваат на возачи кои што учествувале во сообраќајот без возачка дозвола.
Истовремено 121 возач управувал под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај, додека пак 106 возачи на мотоцикли се санкционирани заради неносење на заштитна кацига.
Инаку, согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата 168 прекршоци во текот на викендот се однесуваат на непочитување на пропишаната брзина на движење, 173 за неправилно паркирање, додека пак прекршочно се казнети уште 100 лица кои некористеле сигурносен појас.
Изречени се 39 санкции за користење мобилен телефон при возење, 15 мерки за минување на црвено светло, а прекршочни санкции добиле и четворица пешаци и двајца возачи на електричен тротинет.
Исто така согласно Законот за возила, 42 возила биле отстранети од сообраќај заради тоа што биле нерегистрирани, а само едно возило заради техничка неисправност.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме да се почитуваат сообраќајните правила и прописи и сите заедно да придонесеме за поголема безбедноста на патиштата.
Ново на Сител
-
ЦУК: Активни шест пожари, изгаснати три
-
Алкалоид против Хановер во баражот за групната фаза во Лига Европа
-
Лошиот квалитет на водата ги одложи маратонските трки на СП
-
Баро: Ќе воведеме санкции кон Иран ако до август нема напредок во нуклеарниот договор
-
Граѓанската иницијатива Зелен хуман град ја поздрави пресудата за убиството на кучето Феликс
-
Приведено едно лице од Куманово поради управување моторно возило под дејство на алкохол
-
Во Србија од октомври го зголемуваат минималецот на 500 евра
-
За кокаин и убиства по нарачка шестмина членови на криминалната група Грчец осудени на вкупно 50 и пол години затвор