1300 евра казна за камиони кои со кал на гумите се вклучувале во сообраќај од градилиште во Аеродром

Општина Аеродром изрече парична глоба од 1 000 евра за правно лице и 300 евра за управителот на истата фирма поради прекршување на Законот за јавна
чистота.
Санкциите следат по извршена контрола, при што инспекциските служби утврдија дека од градилиште во непосредна близина на ПС Аеродром во Ново Лисиче во сообраќај се вклучувале возила со валкани гуми, со што директно се нарушува чистотата на животната средина и се прекршуваат законските одредби.
Општина Аеродром потсетува дека ваквите прекршоци се недозволиви и дека ќе се санкционираат строго и без исклучок. Во наредниот период, Општина Аеродром, покрај редовните, најавува и засилени
контроли на сите активни градилишта.
Контролите ќе бидат насочени кон тоа дали се почитуваат сите мерки за заштита на животната средина, дали се преземаат обврските за спречување на загадување, дали се одржува јавната чистота на градилиштата и дали се избегнува узурпација на јавните површини при градежните активности.
Општина Аеродром упатува апел до сите правни и физички лица да ги почитуваат законите и прописите, затоа што само така можеме заеднички да обезбедиме чиста, здрава и безбедна средина за сите жители.
Општина Аеродром останува посветена на редот, хигиената и квалитетот на живот во урбаната заедница.
Ново на Сител
-

Годишна конференција на МАСИТ
-

Македонско српски бизнис форум во Скопје
-

Револт, тактизирање, мала динамика на откуп и празни ваги - почетокот на откупот на тутунот започнува тензично
-

Време е да ги надминеме предрасудите кон лицата со попреченост , порачаа од здружението ,,Вера,, од Струмица
-

Преглед на вестите од светот
-

СДСМ го освежува раководството
-

Продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“
-

Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Скопје
