110 казни за непрописно паркирање во Скопје
На подрачјето на Скопје изминатото деноноќие полицијата издала 110 казни за непрописно паркирање, а со специјалното возило „пајак“ подигнати се 69 возила.
Според дневниот билтен на СВР Скопје, изминатите 24 часа од сообраќај се исклучени 34 возачи кои возеле пред да се стекнат со правото на управување моторно возило и еден возач почетник, како и 27 нерегистрирани возила. Полицијата санкционирала и 13 возачи кои возеле побрзо од дозволеното.
Евидентирани се и 48 возачи за неносење сигурносен појас и 38 возачи кои зборувале на мобилен телефон додека возеле.
Изминатото деноноќие се случиле седум сообраќајни незгоди во кои се повредени осум лица, како и една сообраќајка со материјална штета.
Од СВР Скопје за денеска најавуваат дека ќе се реализираат едукативни работилници од областа на сообраќајот со ученици од седмо и осмо одделение во ООУ „Мирче Ацев“.
Ќе се реализира и посебна воспистна мерка – сообраќајна поука на која ќе учествуваат граѓани кои направиле прекршоци по разни основи во својство на возачи.
Ново на Сител
-
Трамп денеска говори на ОН
-
Реакции по условната казна за онкологот Пешевска
-
Цело Скопје е затрупано со ѓубре, неизвесно е дали утре ќе возат автобусите на ЈСП
-
Тошковски очекува безбедни, фер и демократски избори
-
Пулмолошки скрининг утре и задутре во Трубарево
-
Владата ќе субвенционира филтри за оџаци
-
Поврзаноста на парацетамолот и аутизмот не е научно заснована, реагира лекарската фела по изјавата на Трамп
-
МВР има нови осомничени за хибридни закани врз државата