11 ученици и тројца наставници заразени со Ковид-19 во штипските училишта
Двајца ученици од деветолетките „Тошо Арсов“ и „Ванчо Прќе“ се позитивни на коронавирусот. Директорката на Центарот за јавно здравје-Штип, Марија Димитрова за МИА вели дека станува збор за ученици од одделенска настава и е категорична дека низ училиштата во Општина Штип нема локална трансмисија, односно учениците не се заразуваат во училиштето, туку со вирусот се заразиле од членови во семејството, надвор од училишните клупи.
Бројката на изолирани ученици во штипските основни и средни училишта достигна над 80, а вкупниот број на заразени е 11 ученици и тројца наставници.
Од Министерството за образование и наука велат дека околу 0,02 отсто од вкупниот број на ученици и исто толкав процент и на наставници се активни случаи на заболени со Ковид-19. Посочуваат дека деталните податоци ги поседуваат надлежните служби кои констатираат присуство на вирус кај суспектни лица и издаваат решенија за изолација.
-Тоа што е особено важно да се потенцира е дека училиштата не се трансмитери на заразата и дека во секој случај кога има појава на ученик или наставник со симптоми на заразата, училиштата постапуваат согласно протоколите и алгоритмите. МОН апелира на доследно почитување на здравствените протоколи и одговорно однесување од страна на сите засегнати чинители во воспитно – образовниот процес, бидејќи само на тој начин ќе ја одржиме наставата со физичко присуство во училница, која е во најдобар интерес на учениците и нема подобра алтернатива, велат од МОН.
Ново на Сител
-
СОС Детско село ја доби Цветиновата награда за мир
-
Во Чаир три кражби на чанти
-
Тошковски во посета на Центарот за борба против тероризам на Унгарија
-
Ја продал нивата за да се прошират гробиштата, сега му ја враќаат со 150 закопани
-
Поради сообраќајка во прекин сообраќајот на патот Делчево - Македонска Каменица
-
Ангелов: Државата е подготвена за претстојни врнежи од снег
-
Кан: Нојер не треба да го пропушти вистинскиот момент за пензионирање
-
Ибрахимовиќ: Се чувствувам поврзан со Милан и сакам да направам големи работи со овој тим