-->
-->
11 пијани возачи санкционирани на територија на СВР Тетово
-->
Вчеравечер и ноќеска (10 и 11 март) од 23 до 5 часот на подрачјето на СВР Тетово спроведена е акциска контрола за санкционирање на возачите кои управуваат возило под дејство на алкохол, во која вкупно се откриени и санкционирани 11 возачи (ТЕ-6 и ГВ-5). Тие веднаш се исклучени од сообраќај и времено им се одземени возачките дозволи. Во контролата со соодветни поднесоци биле заокружени и 11 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-7 и ГВ-4).
Секторот за внатрешни работи Тетово апелира до возачите да не консумираат алкохол доколку управуваат возила, затоа што така ја загрозуваат сопствената и безбедноста на другите учесници во сообраќајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
На ГП Табановце за влез и излез од државата се чека по околу половина час
-
Зеќирија Ибрахими е нов претседател на Алтернатива избран на вонредниот конгрес во Куманово
-
Кратово блесна во полн сјај на првата фестивалска вечер од ЗЛАТНИ ДЕНОВИ КРАТОВО 2024 | ФОТО
-
МВР го барала да го уапси, а тој пробал да лета преку аеродромот во Скопје
-
Повреден германски параглајдерист - Летал над Крушево
-
ДКСК: Го следиме именувањето на в.д. директори во државните институции, ќе реагираме ако има неправилности
-
Даути избрана за генерален, а Јајага за организациски секретар на АА
-
Следува период на многу топло време со температури до 40 степени