-->
-->
109 години фудбал во Македонија
-->
На денешен ден, 9-ги април во далечната 1909 година се одигра првиот фудбалски натпревар во Македонија што е датум кој го означува заживувањето на оваа популарна игра на нашите простори.
Точно на Велигден , група турски војници и офицери на школување во западноевропските земји одиграле натпревар меѓу себе на импровизираното игралиште на полјаната зад Учителската школа во населбата Ислахане (Идадија) во Скопје.
Две години подоцна, во 1911 година, формиран е првиот фудбалски клуб во Македонија, под име Ускип (Скопје), претходница на СК Вардар во 1912 година, на Пелистер од Битола во 1914 и на Војновиќ во 1915 година.
По осамостојувањето формирана е и македонската фудбалска репрезентација која во 1993г го одигра и првиот меѓународен натпревар со Словенија во Крањ каде победивме со 4-1. До ден денешен Македонија имаше бројни настапи на меѓународната сцена во сите категории. Се паметат нерешените резултати со Англија и Холандија, пласманот на 46 место на рејтинг листата на ФИФА и како најголем успех пласманот на младата фудбалска репрезентација на Македонија ЕП во Полска како и најубедливата победа против Лихтенштајн од 11-1.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Работниците на протест за поголеми плати
-

Тема на денот со Марко Трошановски, претседател на Институт за демократија
-

Преглед на вестите од светот
-

Поминаа измените на Кривичниот законик за членот 353, гласаше и СДСМ
-

ОЈО отвори предмет по ревизорски извештај за Општина Охрид
-

Имало пријави за судијата Ристов во Судскиот совет, но Камбовски не се сеќава на наводи за мито
-

Секој втор функционер кој има фирма ја сокрил сопственоста од институциите
-

Над 70 проценти од граѓаните подржуваат членство во ЕУ
