Македонија
12. August 2024 - 13:06

10 затвореници избегале од КПУ „Скопје“

При синоќешната проверка во затворот Скопје е забележано отсуство на десет затвореници од затворот „Скопје“ во Шутка, дознава Скопје1.

Во моментот на пребројувањето недостасувале 14 лица, па 4 се вратени. Не е познато дали овие 10 затвореници кои ги нема, се веќе пријавени во полиција.

Непознато е и дали тие користеле привилегии. Новиот директор Бобан Утковски вети строго почитување на правилата и рече дека со тоа ќе прекине оваа пракса.