-->
-->
Зошто Федерер не е најдобар на сите времиња?!
-->
Андре Агаси, легенда на светскиот тенис и актуелен тренер на Новак Ѓоковиќ, вели дека според него, Роџер Федерер не може да биде најдобриот играч на сите времиња бидејќи загубил премногу мечеви од Рафаел Надал.
Многумина нема да се согласат со мислењето на Агаси бидејќи сметаат дека Швајцарецот, кој е рекордер со 19 гренд-слем титули и најмногу недели поминати на врвот на АТП-листата, е најдобриот на сите времиња.
Од друга страна, веројатно Агаси ќе пронајде истомисленици со тврдењето дека Швајцарецот има негативен скор во меѓусебните дуели не само со Рафаел Надал туку и со Новак Ѓоковиќ и дека поради тоа не може да биде најдобриот во историјата.
„Играч не може да биде сметан за најдобар на сите времиња доколку еден противник го победи толку пати. Но, тоа е само мое толкување. Лесно би можел да ја бранам тезата и дека Федерер е најдобар во историјата. Оваа дебата не е премногу рационална бидејќи се сведува на ‘што ако’. Тоа е само дебата“, рекол Агаси, кој притоа не ги штедел комплиментите за Швајцарецот.
„Федерер е единствен. Во секој аспект, снага, прецизност, леснотија. Игра тенис различно од другите. А кога велам со леснотија, тоа секако не е лесно. Но, Федерер ви дава чувство на контрола, како да има решение за секој проблем. Не можеме да негираме дека Федерер засекогаш ќе го обележи овој спорт“, дополнил Агаси.
Роџер Федерер против Надал има скор 15-23, а против Ѓоковиќ 22-23.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ДИК ги објави првичните официјални резултати од Претседателските и Парламентарните избори
-
Зеленски го потпиша законот за продолжување на вонредната состојба и општа мобилизација
-
Онлајн работа за младите со европски плати | Јанг стори со Мими | Sitel Podcast 034
-
Бангладеш: Во удари од гром загинаа 74 луѓе за 38 дена
-
Рама в недела ќе одржи собир во Атина
-
Протести во Малме против учеството на израелскиот претставник на Евровизија
-
Турција ја одложи забраната за трговија со Израел
-
Гостиварчанец измамен за 1.500 евра - сторителот е приведен