ЗНМ, СЕММ, ССНМ и МИМ бараат деблокирање на медиумските реформи
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Македонскиот институт за медиуми (МИМ) денеска ги повикаа претседателот и членовите на собраниската Комисија за избори и именување да го почнат процесот за избор на членови на Советот на медиумскиот регулатор и Програмскиот совет на Македонската радиотелевизија.
ЗНМ, СЕММ, ССНМ и МИМ во заедничко соопштение наведуваат дека се сериозно загрижени поради целосниот застој на постапката за избор на членовите. Истакнуваат дека секое попречување или одолговлекување на процесот сериозно ќе влијае врз спроведувањето на процесот на медиумски реформи во државата.
– Укажуваме дека Владата, Парламентот, но и сите политички чинители имаат одговорност сериозно да пристапат кон овој процес и да се стават над партиските интереси за да се спречат понатамошни штети во медиумскиот сектор, стои во соопштението.
Од изборот на членовите во овие тела, посочуваат, директно зависат долгоочекуваните системски промени во медиумската сфера, што треба да овозможат медиумите да работат независно и професионално.
– Потсетуваме дека медиумските реформи се од клучно значење за евроинтегративните процеси на државата, што се нотира и во последниот извештај на Европската Комисија во кој што се вели дека „државата треба да направи напор за да се подобри независноста и професионалните стандарди на јавниот радиодифузен сервис и неговата финансиска независност“. Од друга страна се очекува транспарентен и правичен избор на членовите на двете тела врз основа на нивната стручност. Конкурсот беше отворен во јануари годинава, а одлуката за избор на членовите на двете тела требаше да се случи веднаш по Претседателските избори, се вели во соопштението.
Ново на Сител
-
Љупчо Палевски Палчо екстрадиран од Турција и сместен директно во Истражниот затвор во Шуто Оризари
-
Тема на денот со Горан Илијевски - Партија на Македонците во Србија
-
Атентат врз словачкиот премиер
-
Флекс кредит и СОС Детско Село заедно за Денот на семејството
-
Предизборниот и постизборниот период продуцира економска криза, сметаат економистите
-
Со нож и се заканија на претседателката на Уставен Кацарска
-
Запален службениот автомобил на директорот на Идризово- оштетена и блиската зграда
-
Уставен го одби барањето на судиите да го врати коефициентот за повисоки плати