Жешко лето за Ангела Меркел
Серијата терористички напади во Германија изминативе недели од кои три ги извршија баратели на азил, се одразија и врз канцеларката Ангела Меркел, бидејќи нејзините политички ривали веднаш побрзаа жестоко да ја критикуваат за либералната политика кон азилантите и за ланската одлука да ги отвори границите за тие кои бегаат од војни и насилство.
Изгледаше дека на Меркел и оди добро, но состојбата драстично се промени за 10 дена меѓу нападите во Ница и самоубиствениот напад во Ансбах, за кои одговорност презеде т.н. Исламска држава (ИД).
Канцеларката има причина уште еднаш да стравува дека гласачите ќе ја казнат со оглед на тоа дека претстојат избори во септември.
Нејзините соработници веднаш укажаа дека тројца од четворицата напаѓачи стигнале во Германија пред рекордниот бран на бегалци кои во Германија донеса над милион луѓе.
Сепак, Херст Зехофер, конзервативниот премиер на Баварија каде се случија три од четири напади, го доведе во прашање принципот азилантите да не се враќаат во воените зони.
- Мораме сериозно да разгледаме како треба да се третираат луѓето кои го кршат законот или претставуваат закана, рече тој за весникот „Менхер Меркур“.
Зехофер, лидер на Христијанско социјалната унија (ЦСУ), сестринска партија на Христијанско демократската унија (ЦДУ) на Меркел, одамна е гласен критичар на приливот на бегалците кои обично прво стигнуваат во Баварија.
Зехофер ја зајакна безбедноста на аеродромите и железничките станици по нападот на Ансбах, но Берлин ги одбива повиците за донесување на нови безбедносни закони, а Меркел се обиде на другите да им го пренесе своето спокојство со тоа што остана во својата викендица северно од Берлин.
Исламската држава донесе тероризам во Германија. Тоа на крај мораше да се случи. Германија не можеше да остане мирен остров со или без бегалците.
Меѓутоа со приближувањето на локалните избори во Мекленбург во Западна Померанија на 4 септември и изборите во Берлин на 18 септември, нејзината стратегија е рискантна. Десничарската популистичка АфД може да постигне добар резултат токму во Мекленбург во Западна Померанија и да и зададе удар на Меркел пред парламентарните избори.
Ако стравот се зацврсти меѓу граѓаните по нападите, рационалниот став на Меркел би можел да се покаже како недоволен, смета Мартин Емер, проф. по политички комуникации на Слободниот Универзитет во Берлин.
- Политиката мора да ги покрие двата апсекти, емотивната страна во која убедливо ветувате дека ќе ги заштитите граѓаните и темелено со факти како тоа би го обезбедиле, вели тој.
Ново на Сител
-
МВР: Кривична пријава против поранешен градоначалник на скопска општина
-
Што и како помага психотерапијата | Елена Џебр | Личен развој | Sitel Podcast 031
-
Повреден малолетник, истепан со дрвени и метални предмети од други малолетници
-
Кривична против тројца скопјани за „убиство во обид“ и „соизвршителство“
-
54-годишна скопјанка пронајдена почината
-
ДИК не го прифати приговорот за гласањето во Липково
-
Рендевски и Алексовски автори на поглавје во книгата „Двете страни глутаматот“
-
Пронајдена граната во близина на камп во Гевгелија