Железничкиот сообраќај нормализиран, прекинат протестот на вработените
Откако вчера попладне почнаа да сообраќаат товарните возови по постигнатиот договор меѓу вработените и раководството на Македонски железници, утрово профункционира и патничкиот железнички сообраќај. Со тоа се прекина двонеделниот протест на вработените во Македонски железници.
Претставникот на машинскиот пресонал во Македонски железници Транспорт Душко Чакароски вчера по средбата со в.д директорот на МЖ Транспорт Игор Коруноски изјави дека машиновозачите се задоволни од постигнатиот договор и оти линеарно ќе им бидат исплатени по 10.000 денари од вториот дел од платата за јануари.
- Договорено е платата за февруари да биде исплатена до крајот на март за да не бидеме доведени во ситуација на 5 април повторно да го блокираме железничкиот сообраќај, изјави Чакаровски.
Претходно, одлука да се вратат на работа донесоа и вработените од работилницата за одржување во МЖ Транспорт. Како што изјави Ѓоко Илиески од иницијативниот одбор за протестот, со Коруноски договориле втората половина од платата јануари да ја добијат во текот на следната недела, а платата за февруари да се исплати целосно до крајот на овој месец.
Поради протестот целосно беше блокиран патничкиот и товарниот железнички сообраќај. Во текот на протестот оставка даде генералниот директор на МЖ Транспорт Никола Костов, а за в.д директор беше поставен Игор Коруноски.
Покрај раководството на МЖ Транспорт апели да прекине протестот поради штетите и за железницата и за стопанството упатија Владата, Министерството за транспорт и врски, како и компаниите коминтенти од коишто дел информираа дека ќе бидат доведени во ситуација да го прекинат производството затоа што преку железницата ја вршат главната набавка на суровините.
Ново на Сител
-
Силјановска Давкова: Добивањето на уверението од ДИК и прогласувањето во Собранието се формално финале на изборите
-
Приведени двајца кумановци за поседување дрога
-
Променливо време со повремен дожд и во наредните денови
-
Априлската инфлација во Албанија 2,1 отсто и понатаму најниска во регионот
-
Српско МВР: Се утврдуваат фактите и околностите под кои во полицијата починал Д.Д. осомничен за случајот со Данка И.
-
Гордана Сиљановска Давкова го доби Уверението од ДИК за претседател на државата
-
ЦУК: На 112 изминатото деноноќие 1951 повик, меѓу кои и за спасување жена падната покрај пат
-
САД испраќаат нов пакет воена помош за Украина вреден 400 милиони долари