-->
-->
Згрижени семејствата од Кичево чии домови беа поплавени
-->
- Педесетина семејства од Кичево чии домови се поплавени од обилните дождови се сместени во спортската сала „Ивандол“ и ќе им се обезбеди се што им е потребно, соопшти Министерството за труд и социјална политика.Досега им се доделени 75 пакети храна, 75 хигиенски пакети, 100 душеци, 500 ќебиња и 100 пара обувки. Екипи на Центарот за социјална работа (ЦСР) Кичево и Црвениот крст Република Македонија денеска се на терен и во обиколка на поплавените населени места.

- Поплавени се куќи во т.н. Прилепска населба во Кичево. Во моментов ЦСР Кичево прави увид на сите поплавени куќи и иако првичната бројка беше дека станува збор за 70-ина куќи, од увидот се констатира дека бројката ќе биде над 100-ина поплавени куќи. По завршениот увид ЦСР Кичево ќе излезе со конечна и официјална бројка на поплавени, соопшти МТСП.
Интензивниот дожд што го зафати кичевскиот регион во изминатите 24 часа ги преполни речните корита и предизвика излевање на повеќето водотеци во овој регион и поплава во куќите, претежно во источниот дел од градот во близина на Зајашка Река. Поплавен е и стадионот на фудбалскиот клуб Влазериме, каде теренот е половина метер под вода.

Од излеаните реки Треска, Зајашка Река, Беличка Река и некои помали водотеци, поплавени се и над 500 хектари ораници и ливади.
Врнежите во попладневните часови престанаа и се очекува водата да се повлече во речните корита
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

РКЕ: Регулаторната комисија да ја преземе во целост надлежноста во формирање на конечна цена на водата
-

Ползењето е исклучително битно за здрав ран развој на детето
-

Деветти Светиклиментов научен собир: Теологијата и технологиите
-

Могерини ослободена по притворот во истрагата за измама
-

Јубилејно издание на Меѓународниот филмски фестивал „Богородичен покров“
-

Флекс брокер: Една година сигурност, доверба и најбрз раст на осигурителниот пазар
-

Настава по македонски јазик во Хрватска
-

Поради здравствени причини откажано обраќањето на премиерот Мицкоски на македонско-српскиот форум во Скопје
