Македонија
4. July 2016 - 14:16

Зголемен бројот на запишани студенти

Во академската 2015/2016 година се запишани вкупно 59.865 студенти што претставува пораст за 0,9 проценти во однос на претходната година, објави денеска Државниот завод за статистика.

Бројот на запишани студенти - жени изнесува 32.837 или 54,9 проценти. Најголем број студенти, 86,8 проценти, се запишани на државните високообразовни установи, а 12,8 проценти се запишани на приватните високообразовни установи.

Во прва година на студии, во академската 2015/2016 година, се запишани 17.952 студенти или 30 проценти од вкупниот број. Во таа бројка спаѓаат и студентите кои втор, трет и повеќе пати запишуваат прва година).