Македонија
12. јуни 2024 - 16:33

Земјите од регионот наместо меѓу себе, повеќе тргуваат со ЕУ, причини има многу

Наместо меѓу себе, земјите од Западен Балкан повеќе тргуваат со Европската унија. Според бројките од стопанската комора, регионалниот извоз изнесува само 14%.

Дури петпати повеќе се извезува во Европската Унија, отколку во земите на ЦЕФТА, односно Албанија, Босна и Херцеговина, Македонија, Молдавија, Србија, Косово и Црна Гора. Листата со причини за ваквите бројки е долга.

„Како главни трговски бариери во надворешната размна се посочуваат административните и цариснките процедури, безбедносните сертификати, вклучувајќи ги тука санитарните и фитосанитарните технички трговски бариери. Сите досегашни извештаи на ЕК за напредокот на Западен Балкан посочуваат дека регионот се уште го нема достигнато нивото на функционалната европска пазарна економија која може да се справи со пазарните сили и конкурентските притисоци што доаѓаат пред се од ЕУ. “ – Влатко Стојановски, Стопанска комора

Колку повеќе се зголеми регионалната соработка, толку полесно ќе им биде на компаниите од регионот да настапат на европскиот пазар, велат од стопанската комора.

Македонија догодина би требало да се приклучи кон единствениот систем на плаќање СЕПА за што апликација пратила во април годинава.

Од членството, земјава би имала заштеда од 500 милиони евра годишно за трошоци и провизии, а ќе се намали и сивата економија.

Целта е граѓаните и фирмите да вршат безготовински плаќања во евра кон земјите членки на ЕУ на брз начин како дома, со што ќе се намалат трошоците за прекуграничните трансакции.