Земан: Бегалскиот прилив претставува организирана инвазија
Чешкиот претседател Милош Земан смета дека идната година бројот на бегалци што ќе пристигнат во Европа ќе биде двојно поголем и дека ќе следат уште неколку бегалски бранови, јави дописникот на МИА од Прага.
Во своето телевизиско обраќање по повод Божик, Земан изјави дека приливот на бегалците кои оваа година дојдоа во Европа претставува „организирана инвазија“ и оти младите Сиријци и Ирачани треба самите да земат оружје и да се борат против групата Исламската држава (ИД).
Тој смета дека бегалскиот прилив „ги поткопува корените не европската култура“ и дека тоа не го прават милионскиот број на бегалцим туку поединци.
- Не заборавајте, тврдам дека меѓу тие имигранти има и џихадисти, кои слично како во Франција, можеме да очекуваме да извршат повеќе терористички напади во Европа, оцени Земан.
Според чешкиот претседател, најголема превенција е армијата и полицијата да направат еден вид ѕид кој ќе биде заштита пред миграцискиот бран.
Земан веќе подолго време е критикуван и од домашните и од странските политичари поради неговоите ставови во врска со бегалците.
Според чешкиот премиер Бохуслав Соботка, коментарите на Земан се базирани на „предрасуди“ и се резултат на „неговото вообичаено поедноставување на работите“.
Ново на Сител
-
Двојно убиство во Стајковци - си ги убил братот и снаата
-
Специјализантите и натаму бараат плата
-
Тема на денот со Илина Мангова, ИРИ
-
Двојно убиство во Стајковци
-
ДИК прифати 7 приговори, прегласување на 22 мај
-
Работните групи за владина коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди стартуваат со работа
-
Нови реакции за говорот на Силјановска од европските земји и Грција
-
Анкета на ИРИ: Македонците сакаат во ЕУ, но не веруваат дека Унијата ќе ги отвори вратите