Здружение за заштита на работничките права: МВР нема воспоставено систем за заштита на вработените од Ковид-19
Министерството за внатрешни работи продолжува да ги крши правата на вработените, десет дена по одлуката на Владата нема воспоставено систем за заштита на вработените од коронавирусот. Претставки со ваква содржина беа доставени изминатите денови до Здружението за заштита на работничките права (ЗЗРП). Во претставките се наведува дека и покрај големиот број на заразени од коронавирусот во државата, од кои сериозен процент отпаѓаат на Министерството за внатрешни работи, се уште не направена реорганизација на работниот процес во насока на заштита на здравјето на вработените. Како пример се посочуваат нисокото ниво на хигиена, слабиот пристап до средства за дезинфкција, но и присуството на дури и до десет луѓе, групирани во простории каде што се задржуваат повеќе од 8 часа во текот на денот.
Ваква состојба е детектирана во службите во рамки на Бирото за јавна безбедност, но и во рамки на Министерството за внатрешни работи, покажуваат претставките доставени до Здружението за заштита на работничките права (ЗЗРП).
Прашуваме, кој е одговорен за големата бројка на заразени во Министерството за внатрешни работи и кој ќе сноси одговорност за евентуалното понатамошно галопирачко ширење на инфекцијата.
Воедно, го повикуваме Министерството за внатрешни работи, во најбрз можен рок да направи реорганизација со која ќе обезбеди соодветни услови за работа на вработените во оваа институција.
Напоменуваме дека, секое непочитување на одлуките на Владата од страна на одговорните лица на институциите повлекува кривична одговорност и ги повикуваме вработените во оваа значајна институција своите права да ги бараат пред надлежните судски органи во државата.
Министерството за внатрешни работи има обврска да го заштити и чува здравјето на граѓаните, а тоа подразбира заштита и чување пред се на здравјето на своите вработени. Здравјето на населението е најважно и тука нема никакви компромиси, согласно законските прописи сите институции и организации имаат обврска на вработени да им овозможат работа во услови кои се сигурни и безбедни за нивното здравје.
Ново на Сител
-
Се запали казино во Охрид | ВИДЕО
-
Мицкоски: Скандалозно е вицепремиер да бара од компании да гласаат за СДСМ бидејќи добиле државна помош
-
Кошаркарот од Ѓорче кој ветува промени | Владо Мисајловски | Неформално | Sitel Podcast 033
-
Се дистрибуира доверливиот избирачки материјал од битолската печатница до општинските изборни комисии
-
Ограбена спортска обложувалница на Бит Пазар
-
Повеќе од 30 украински медиумски работници се наоѓаат во руско заробеништво
-
Приведени две лица во Куманово - еден за употреба, друг за продавање дрога
-
Сопружници завршиле во притвор поради меѓусебна пресметка