-->
-->
Здравствената состојба на Боки го одложи рочиштето за Меѓународен сојуз
-->
Поради отсуство на првообвинетиот Бојан Јовановски, судијката Софче Гаврилова Ефремова го одложи денешното рочиште за случајот Меѓународен сојуз.
Јовановски пред два дена беше итно опериран поради проблеми со желудникот на Клиниката за хируршки болести „Свети Наум Охридски, каде што и се наоѓа во моментов.
Во случајот „Меѓународен сојуз“, обвинети се Бојан Јовановски - Боки 13, Јасна Мандиќ, Фросина Ременски, Миле Јовановски и Христина Блажеска, за кривичните дела „измама“ и „перење пари“.
Наредното рочиште е закажано за 24-ти септември.
Горан Симоновски
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Министерство за правда изрази благодарност до турските власти за екстрадицијата на Палевски
-
МВР: Екстрадиран Љупчо Палевски, пренесен е во КПУ Затвор Скопје
-
АМСМ: Камионите се пренасочуваат од Блаце, има проблем со терминалот
-
Путин: Руските сили напредуваат на сите фронтови во Украина
-
Герапетритис: Ќе бидеме строги за верното и доследно спроведување на Договорот од Преспа од Северна Македонија
-
Палчо вечерва слетува во Македонија - ќе биде пренесен во Шутка
-
Грчки пратеник го искина Преспанскиот договор при собраниска седница
-
Пронајдена почината Аргентинка во хотелска соба во Охрид