Здрав како дрен: Си ја пие сопствената урина и ослабел 50 килограми

Дејв Марфи (54) од Велика Британија користи несекојдневна метода за слабеење. Имено, тој ја конзумира својата урина и еден цитрон.
Вели дека понекогаш знае да згреши намерно и да изеде малку чипс, а успеал да изгуби 50 килограми и никогаш не бил поздрав и повитален. Дејв почнал да ја пие урината пред 6 години.
-Освен што се чувствувам подобро, не ми требаат многу пари за живот. Токму поради мокрачата што ја пијам, не треба да трошам на храна. Како луѓе воопшто не треба толку да јадеме. Урината содржи се што му треба на човекот, вели Дејв.
Тој ја користи урината и за хидратација на лицет, и ја смета за најдобар производ против стареењето. Исто така изјави дека урината ја излекувала и неговата астма.
-Ако имате инфекција, вашата урина ќе има антитела кои ќе се борат против неа. Го подобрува вашиот имунолошки состав и дури ја излечи и мојата астма, додава овој Британец. Вели дека претходно ја пиел студена од фрижидеот со малку цитрон, а сега ја пие веднаш додека е топла.
Многумина се згрозени од оваа диета, но Дејв истакнува дека многу му помогнала и му го променила животот на подобро.
Еве ја неговата приказна:
Ново на Сител
-

Иран тврди дека погодил локации во Израел и три американски воени бази
-

Украинската војска тврди дека Русија ја засилила офанзивата, но не успева да ги изврши задачите
-

38-годишник од Василево физички нападнал полицаец и тешко го повредил
-

Вработена во банка во Тетово присвоила 39.000 евра кои требало да ги стави на сметка на корисник
-

Фудбалски тренер од Куманово нападнат од малолетник од неговиот клуб и неговиот татко
-

Научниците предупредуваат: Сателитски податоци открија сериозен проблем - целата планета е загрозена
-

Мицкоски најави реконструкција на Владата во мај или јуни
-

Просечната нето-плата во јануари 46 617 денари
