Свет
6. October 2016 - 18:13

Здраствената состојба на Абас е нормална

Палестинскиот претседател Махмуд Абас денеска беше примен во болница во Рамалах и резултатите од испитувањето се нормални, изјави директорот на болницата Саид Сарахнех.

- Ги направивме сите неопходни тестови и сите резултати се нормални. Претседателот ќе биде пуштен од болница за два часа, истакна Сарахнех.

Палестинското претседателство соопшти дека Абас е хоспитализиран поради рутински прегледи.

- Лекарите изјавија дека здравствената состојба целосно е нормална. Сите испитувања до сега потврдуваат дека тој е во добра здраствена состојба, изјави вториот човек на Организацијата за ослободување на Палестина, Саеб Еракат.

Претходно, неименуван палестински официјален претставник изјави дека Абас (81) бил одведен во болница откако почуствувал „замор“.