Заштитна опрема украдена од Клиничкиот центар во Љубљана се продавала на интернет
Медицински одела, заштитни маски и средства за дезинфекција кои биле крадени од Универзитетскиот клинички центар во Љубљана се продавале на интернет, јави Телевизија Словенија.
Полицијата приведе две лица за кои има сомневање дека ги ограбувале складиштата на медицинскиот центар. Веднаш бил направен и претрес во нивните домови, а локалните медиуми објавуваат дека во целата криминална мрежа се вплеткани и вработени во болницата.
Овие кражби според информации на управата на Клиничкиот центар најверојатно траеле веќе неколку недели, а вработените се посомневале во тоа бидејќи резервите од заштитни материјали се трошеле побрзо од предвидувањето на надлежните.
Во меѓувреме Владата го разреши и директорот за стоковни резерви кој е во самоизолација поради коронавирусот, по обвинувањата на опозицијата за неправилности и скандалите кои ја пратеа набавката на заштитни маски за потребните на Словенија.
Ново на Сител
-
Дали Управниот суд ќе стави официјален крај на изборите?
-
Tема на денот со Лилија Чолакова Дервишова, претседател на ЗПЛРМ
-
Ќе има ли учебници за сите од први септември?
-
Ахмети најави битка за одбрана на легитимност
-
По пратеничкиот мандат на Беџети, Сарај ќе избира нов градоначалник
-
Внимателно со трошење на буџетските пари, порачуваат академците
-
Советот на јавни обвинители законски не може да го разреши Иџет Мемети
-
На Кацарска и завршува мандатот - Кој ќе ја наследи?