Запров: На Македонија и треба Платформа за економски и културен просперитет
Доста е со отстапки за мир во куќа, доста е затоа што тие во процесот од осамостојувањето наваму се покажаа контрапродуктивни, затоа доста е. Во Република Македонија нема никој што да бара, посебно не ултимативни барања и Платформи, наместо таква Платформа треба да се направи Платформа за економски и културен просперитет, кажа Запро Запров пред насобраниот народ пред Собранието на Република Македонија
„Браќа Македонци и наши сограѓани од сите нации и вери се поклонувам на вашето достоинство, така се брани Македонија, така се бранат нејзините вредности, наместо шарање на нашето историско паметење, на нашето историско богатсво, вака се брани Македонија. Доста е со отстапки за мир во куќа, доста е затоа што тие во процесот од осамостојувањето наваму се покажаа контрапродуктивни, затоа доста е. Во Република Македонија нема никој што да бара, посебно не ултимативни барања и Платформи, наместо таква Платформа треба да се направи Платформа за економски и културен просперитет, тогаш ќе ја прифатевме со отворени раце, во Македонија сите граѓани ги уживаат правите на висина на сите меѓународни стандарди, а особено нашите сограѓани, македонските Албанци, имаат универзитет на својот јазик, имаат телевизии, имаа двојазичност каде што е повеќе од 20 проценти, затоа ова барање е во најмала рака непристојно. Јас повикувам на разум, на љубов, на сплотеност, само така можеме да опстанеме на овие простори, ова што и се случува на државата во последните 2 години е само за разнебитување на Македонија, ако има граѓанин кој тоа не го сфатил треба да му покажаме да му докажеме, затоа што сите овие барања се нереални, немаат основа, а нашиот идентитет македонскиот ние Македонците го носиме, гинеме за него, страдаме за него, пееме за него, го носиме во нас. Единствено ние Македонците го изнесовме низ сите историски премрежија, низ историјата до ден денешен и тој нам ни припаѓа, т.н. меѓународна заедница од нас бара самите да се укинеме. Македонскиот народ низ историјата дал најголеми цивилизациски придобивки на светот, преку Филип кој создал прва држава на европските простори, преку Александар, тој е најголемиот обединител, војсководец, научник. Преку Аристотел, најголемиот филозоф, некој вели тој е туѓ, тој е наш, тој се родил, израснал, се школувал во дворот на Филип Македонски, преку Кирил и Методиј, Апостол Павле, преку Лиља Македонката, која е првата христијанка на европско тло. Како и нашата сограѓанка светицата Мајка Тереза. Во тоа име повикувам на меѓумакедонско помирување, доста е со делби, со омраза, доста е затоа што само сплотени може да си ја одбраниме татковината, заедничка на сите граѓани на Македонија. Таа мора да остане на нашите идни поколенија“, заврши Запро Запров.
Ново на Сител
-
На Бајден му е откриен рак на простатата кој метастазирал, но кој е чувствителен на третмани
-
На претседателските избори во Полска неочекуван успех на екстремната десница
-
Блокиран влезот на зградата на судот и Обвинителството во Нови Сад
-
Сончево со мала облачност, температурата до 27 степени
-
Навивачи на АЕК предизвикаа инцидент во финалето против Алкалоид
-
Зеленски му испрати писмо на Трамп со предлози за соработка во областите на одбраната и трговијата
-
Алкалоид го совлада АЕК во првиот натпревар од финалето во ЕХФ Европскиот куп
-
Во амбасадата во Пекинг одбележан Денот на сесловенските просветители „Свети Кирил и Методиј“