Над милион деца во Британија спијат на под или креветот го делат со некој друг
Во Велика Британија повеќе од милион деца спијат на под или делат кревет со некого бидејќи нивните семејства не можат да си дозволат да ги заменат искршените кревети, се наведува во нов извештај на организацијата за помош на деца во социјален ризик, „Барнардо“.
Се наведува дека станува збор за семејства со ниски приходи кои едвај се справуваат со зголемените сметки за храна и струја. Проценките говорат дека околу 700.000 деца делат кревет со некого, додека околу 440.000 од нив спијат на под, што ги прави уморни, вознемирени и тешко се концентрираат на училиште.
Некои родители спијат на кревети за седење или столчиња за да им отстапат кревет на децата, но има и деца кои ноќта ја минуваат на душеци, понекогаш и без чаршафи или јоргани.
Истражувањето на „Барнардо“ покажува дека лани повеќе од 336.000 семејства не можеле да си дозволат замена или поправка на кревет. Во истовреме, над 200.000 семејства изјавиле дека креветите или постелнината на нивните деца се мувлосани и влажни бидејќи греењето е прескапо, додека речиси 190.000 семејства не можат да си дозволат да ги перат и исушат постелнината.
Ново на Сител
-

Трамп: Нема договор со Техеран без „безусловна капитулација“ на Иран
-

Гутереш: Војната во Иран може да излезе од контрола
-

Трамп се закани со затворање на владата поради неуспехот да се усвои изборниот закон
-

Семејство од кумановско се сомнева дека нивниот 60-годишен брат бил отруен, случајот пријавен во полиција
-

Првиот човек на ФФМ на состанок на „HatTrick“ во УЕФА
-

Изненадете ја на 8 Март – подарете „Среќа плус“!
-

Кавадарчанец измамен за 4.900 евра, лажно му ветувале дека ќе инвестира во берза
-

Тошковски: Секој полицаец ќе даде максимум за спречување на насилство, но потребен е поефикасен институционален одговор
