-->
-->
Закажан нов состанок на Комисијата за историски прашања меѓу Бугарија и Македонија во октомври
-->
„Следниот состанок на Комисијата за историски прашања меѓу Бугарија и Република Македонија ќе се одржи во октомври. Тоа е по барање на македонската страна, изјави за БНТ копретседателот на таа комисија Ангел Димитров.
– Нема напредок, но и нема што да се промени брзо. Речиси ништо не е исполнето со Договорот за пријателство и соработка…Тоа е главниот проблем, а не работата на историската комисија, изјави Димитров, иако призна дека историјата е најболната точка.
– Потребната катарза во историското размислување не може да се случи без политичка волја за тоа, а дипломатијата е само функција на политиката и не треба да се става акцент на тоа, нагласи Димитров.
Тој истакна дека компромиси во науката не само што не треба да се прават, туку и не треба да се очекуваат, а очигледно таков бил и ставот на нивните колеги од Македонија“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк
-
СПМ поднесе кривична против поранешниот министер за внатрешни работи и други три лица за несовесно работење