Заев: Прашањето со ФФМ ќе се реши врз основа на Договорот од Преспа и правилата на УЕФА
Веќе го покренавме конкретниот аспект со Федерацијата и во наредниот период ќе го решиме прашањето врз основа на Договорот од Преспа и правилата и традицијата на УЕФА, вели премиерот на Република Македонија Зоран Заев во писмената изјава за грчката новинска агенција АНА-МПА и грчката државна телевизија ЕРТ, јави дописничката на МИА од Атина.
Изјавата на премиерот Заев е по реакциите во Грција за амблемот на ФФМ на дресовите на нашите репрезентативци.
-Цела Европа знае дека нашата фудбалска репрезентација на првенството ја претставува Македонија. Дури и Федерацијата да не е јавен ентитет, националниот тим е. Како што е во сите земји во светот. Па така, јасно е и треба да биде јасно на сите нивоа дека е репрезентација на Македонија, ирелевантно од иницијалите на Федерацијата на дресовите. Веќе го покренавме конкретниот аспект со Федерацијата и во наредниот период ќе го решиме прашањето врз основа на Договорот од Преспа и правилата и традицијата на УЕФА, вели премиерот Заев.
Претседателот на Владата на Македонија во изјавата додава дека „имплементацијата на Договорот од Преспа е работа во тек и нашата цел е постепено да најдеме решенија со соседите кои го спроведуваат Договорот и да нè придвижат напред врз основа на соработката и взаемното почитување“.
Ново на Сител
-
Велика Сабота - денот меѓу смртта и воскресението
-
Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Посебен сообраќаен режим денеска во Скопје
-
Русија тврди дека Украина го нападнала Крим со американски ракети
-
СЗО: Копнен напад врз Рафа ќе доведе до крвопролевање
-
Четириесет и четири години од смртта на Јосип Броз Тито
-
Состојба на патиштата
-
Променливо облачно со повремени врнежи од дожд