Заев и Шекеринска во работна посета на Шведска
Премиерот Зоран Заев и вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска денеска се во работна посета на Стокхолм, Кралството Шведска.
Предвидено е Заев да се сретне со неговиот шведски колега Стефан Лофвен, а од Владата најавуваат дека отворени се можности и за други билатерални средби.
Премиерот заедно со вицепремиерката Шекеринска се поканети да присуствуваат и на Конвенцијата на Прогресивната алијанса, меѓународно движење на прогресивни, социјалдемократски и социјалистички сили од целиот свет, кои се залагаат за модерна, демократска форма на отворена соработка со фокус на одржливиот развој, социјалната правда, можностите за младите луѓе и економијата. На конвенцијата ќе присуствуваат повеќемина премиери и претставници на влади од Европа и светот.
Ново на Сител
-
Се гласа за Српската влада
-
Тема на денот со Иван Пешевски, ССМ
-
Масовен протест за 1 Мај: Синдикатите побараа 450 евра минимална плата од новата влада
-
Работниците креваат глас
-
Првомајската традиција продолжува
-
Охрид полн со туристи за 1 Мај
-
Експерти: Екстрадицијата на Палевски треба да се прави во најголема тајност
-
Студен туш за барањата на Максим Димитриевски - за него пак, ароганцијата на СДСМ е ненадминлива