Заев ги потврди имињата за предложените министри од СДСМ
Новата владата ќе има 7 министри помалку од претходната која броеше 26. Заев премиер и 19 министри ќе го сочинуваат идниотt владин кабинет. Од коалицијата „Можеме“ ова е предлогот кој денеска беше усогласен на средбата на претседателот на СДСМ Зоран Заев со лидерите на партиите од коалицијата. А СДСМ вечерва на седница на Централниот одбор ја утврди својата предлог листа.
Претседател на владата – Зоран Заев
Потпретседател на владата за борба против корупцијата и криминалот- Љупчо Николовски
Потпретседател на владата за европски политики-Никола Димитров
Потпретседател на владата за економски политики- Фатмир Бетиќи
Министерство за внатрешни работи – Оливер Спасовски
Министерство за одбрана – Радмила Шекеринска
Министерство за здравство – Венко Филипче
Министерство за образование – Мила Царовска
Mинистерство за транспорт и врски – Благој Бочварски
Министерство за култура – Ирена Стефовска
Министерство за правда – Бојан Маричиќ
Mинистерство за труд и социјална политика – Јагода Шахпаска
Министерство за земјоделие ( кадар од Беса )
Министерство за локална самоуправа ( кадар од ЛДП )
„Од 19 министри, СДСМ има 11 министри, од кои што 8 се министри со ресор, плус 3 потпретседатели на влада кои се предлагаат како министри без ресор со надлежност која владата ја дава во областите кои што ги спомнав. Од 8 министри со ресор 4 се жени, 4 се мажи. Остануваме доследни да испратиме порака на еднаквост помеѓу мажите и жените“ рече Заев.
Ново на Сител
-
Сообраќајка на автопатот Тетово - Гостивар, возилата се пренасочуваат
-
Петгодишно дете се затруло со таблети во Делчевско
-
За 4.000 евра дала на посвојување новородено бебе - кривична и притвор за жена од Куманово и уште четири лица
-
46-годишна жена измамена за 600 евра
-
Кривична за двајца полицајци за злоупотреба на службената положба
-
Маск предлага амнестија за Зеленски во замена за мирни демократски промени во Украина
-
Посебен режим на сообраќај во Скопје
-
Орбан: Јасно се гледа стратешката разлика во ЕУ по изборите во САД, некои сакаат војна, а некои мир