Заев: Денеска е историски ден за нашата земја
Денес е историски ден, заедно напишавме историја, рече премиерот Зоран Заев на прес-конференцијата која ја одржа откако Собранието ја изгласа одлуката за пристапување кон уставните измени.
„Со двотретинско мнозинство зачекоривме кон запасдните сојузи . Македонија ќе биде дел од ЕУ и НАТО. Со оваа историска одлука нашиот пристап во НАТО ќе продолжи и догодина ќе почне процесот за ЕУ“, порача премиерот.
Тој најискрено му се заблагодари на секој пратеник што ги поддржал уставните промени, особено, како што рече, на храбирте пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијат што се ставиле над партиските интереси и покрај притисокот на раководството.
„Граѓаните се горди на вакво Собрание. Бидете сигурни дека како премиер давам збор да ја гарантирам безбедноста. Ја изградивме државотворната коалиција. Заедно ќе ги усогласиме амандманите и заедно ќе работиме на национално обединување. Ќе се фокусираме и на реформите за право и правна држава“, истакна Заев.
Премиерот додаде дека процесот на гласање бил транспарентен, при што се водело грижа за пријатна армосфера, и истакна оти е убеден дека во процесот ќе се приклучат повеќе од 25 пратеници.
„За мене сите пратеници се исти, никој не е виновен додека не се докаже вина, пораката за помирување охрабри“, рече Заев во однос на прашањето за ослободувањето на Мукоски.
Додаде и дека помирувањето подразбира низ работни групи да се изнајде начин за национално помирување.
„Нема потреба да бараат заштита, обезбедена е гаранција за нив и нивните семејства, институциите ќе реагираат ако има потреба“, рече премиерот во однос на пратените кои гласаа.
Заев оодвлече и дека имало и други пратеници кои начелно даваат поддршка но не гласале „за“ и додаде дека има шанса овој процес да се заврши и со 120 гласа „за“.
Ново на Сител
-
Лидерите на регионот, ЕУ и САД на Самитот за планот за раст за Западен Балкан на 16 мај во Котор
-
Осумдесетгодишник од Теарце со изгореници заврши во болница откако му се запали домот
-
Силјановска-Давкова утре ќе го почне претседателскиот мандат со свечена изјава во Собранието
-
Честитка до Мицкоски од МД „Илинден" и Македонците во Албанија, за двојната победа на изборите
-
Силјановска Давкова: Добивањето на уверението од ДИК и прогласувањето во Собранието се формално финале на изборите
-
Приведени двајца кумановци за поседување дрога
-
Променливо време со повремен дожд и во наредните денови
-
Априлската инфлација во Албанија 2,1 отсто и понатаму најниска во регионот