Заев-Даниелсон: ЕК останува на својата безусловна поддршка за старт на преговорите со Македонија
Унапредување на регионалната соработка што ја поттикнаа претседателот на Србија Александар Вучиќ и премиерите Зоран Заев и Еди Рама била тема на разговор меѓу директорот на Директоратот за соседски политики и проширување, Кристијан Даниелсон и премиерот Заев.
На средбата, како што соопшти владината прес-служба, била охрабрена оваа иницијатива заради фактот што таа е во согласност со Берлинскиот процес, и особено заради инсистирањето во неа да бидат вклучени сите земји од Западен Балкан.
Даниелсон, се наведува во соопштението, му ја пренел на премиерот Заев пораката од новиот еврокомесар за проширување и добрососедски односи, Оливер Вархељи дека ЕК останува на безусловната поддршка за старт на преговорите со Македонија.
-Заев се заблагодари на поздравот и на пораките и истакна дека нашата земја останува посветена на континуитетот на реформите и на напредокот во усвојувањето на стандардите на ЕУ во сите области, со посебно внимание на имплементацијата на правосудните реформи, и дека ќе очекува исполнување на препораката, се наведува во соопштението.
На средбата, на која присуствувал и амбасадорот на ЕУ Самуел Жбогар, премиерот Заев истакнал дека Владата останува посветена на спроведување на добрите соседски политики и на унапредување на економските односи со двете земји, како и со другите соседи.
Ново на Сител
-
Макрон го поддржа планот на Бајден за прекин на огнот во Газа
-
Калас: Естонија нема план „Б“ доколку Украина ја загуби војната
-
Тајани: Одлуката на Шолц за употреба на оружјето на руска територија може да доведе до Трета светска војна
-
Пребројување министерски места
-
Орбан: Мора да спречиме Европа да влезе во војна со Русија
-
"Марш за живот" во Тирана против предлог-законот "Сексуален живот и репродукција"
-
Тепачка меѓу затвореници во Идризово
-
Зеленски: Намерата на Трамп со отстапки да ја заврши војната во Украина може да биде опасна