За регрутирање борци за ИД деветмина Албанци добија вкупно 126 години затвор
Суд во Тирана,синоќа донесе пресуда за деветте осомничени за поттикнување тероризам, кои регрутирале и испраќање албански државјани на боиштата во Сирија.
На деветмината обвинети изречена им е вкупна затворска казна од 126 години.
Двајцата имами,Бујар Хиса и Генци Бала, добија затворска казна во траење од 18 односно 17 години,Герти Пашја доби 17 години,додека година помалку Зеќир Имери. Орион Речи, Верви Морава и Едмонд Бала, добија по 13 години затвор, додека Фадил Муслимани и Ардит Тола, 12 односно седум години затвор.
По изрекувањето на пресудата,била предизвикана тензична ситуација во судската сала,откако осудените се заканувале на судот со зборовите„ ќе ја добиете заслужената казна“.
Обвинителството за тешки кривични дела во Тирана, на петти април, побара 152 години затвор за деветмината обвити со обрзолежение дека поседува доволно докази дека обвинтите, во 2013 година убедувале,регрутирале и испраќале,главно помлади лица да се борат на страната на џихадистите.
Обвинетите беа уаспени во март 2014 година.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Трудот е темелот на секоја напредна држава
-
ЦУК: Пробиштипјанец кој беше пријавен за исчезнат пронајден починат
-
Претрес во делчевско, пронајдена дрога
-
Попладне краткотраен дожд, температура до 29 степени
-
Приведен албански државјанин за нелегално пренесување добиток
-
Дебранец лишен од слобода поради поседување оружје и муниција
-
На граничните премини Табановце, Богородица и Дојран се чека и по еден час
-
Лишен од слобода полициски службеник во Струмица поради предизвикување општа опасност