Вучиќ жестоко пречекан во Париз од група демонстранти
После жестоките протести во Белград и другите српски градови, српскиот претседател Александар Вучиќ вчера отпатува во Париз на средба со францускиот претседател Емануел Макрон.
Александар Вучиќ и во француската престолнина беше пречекан од демонстранти - српски студенти и докторанти кои со голем број на транспаренти испратија јасна порака до првиот човек на Србија.
„Ти си Ковид на Србија“, му порачаа на Вучиќ група на студенти и докторанти во Париз пред резиденцијата на српскиот амбасадор во Франција.
Младите Срби носеле транспаренти на кои на српски и француски јазик пишувало: „Ти си Ковид, Пендрек демократија, Мамо и тато, ова е за вас, За тебе тато, Ако сте мислеле дека Србија е ваша, малку сте се зае****, таа малку е и наша“ и слично, пренесува Нова.рс.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
Мостот „Беласица“ целосно функционален
-
Зошто Токсикологија не почитува мерки на надлежни институции
-
Ќе се врати ли старата цена на осигурување за регистрација на возилата?
-
Обвинителството со огромен број докази за распределбата на спортски ваучери
-
ДУИ притиска: Без нас нема Влада - Од ВМРО-ДПМНЕ децидни Ахмети останува во опозиција
-
Парламентарни избори 2024
-
Вапцање велигденски јајца в зори на Велики Четврток