Вучиќ за ковид пасошите со вакцини одобрени од ЕУ: Ме забрзаа да се вакцинирам со кинеската вакцина
– Во обраќање до граѓаните на Србија од Бахреин, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ги коментираше последните најави од Европската унија, во врска со дискриминацијата на руските и кинеските вакцини во однос на дозволата за патување во ЕУ.
-Би било неразумно, но ако ја донесат, тоа ќе биде одлично за нас. Како ќе го забранат доаѓањето на унгарскиот премиер кој беше вакциниран со кинеска вакцина? Сега и мене кога слушнав, ме забрзаа да се вакцинирам со кинеската вакцина, а потоа ако не ме прифатат во Брисел, нема ништо од дијалогот со Приштина, изјави Вучиќ.
Според него најавата на ЕУ за воведување на ковид пасоши со одобрени вакцини од ЕУ е лоша и скандалозна одлука, спротивна на највисоките европски вредности.
Тој наведе дека во тој случај, Србија ќе направи лабораторија за брзи PCR тестови и дека ќе ги издава резултатите за два часа, така што луѓето што примиле кинеска вакцина „може да одат каде сакаат во Европа“.
-Ние од Европа не добивме ниту една вакцина, што значи дека никој од Србија и целиот регион нема да има право да патува во ЕУ, потенцираше Вучиќ.
Тој оцени дека не треба да се мери според бојата на знамето дали ви се допаѓа вакцината.
-Сакам да верувам дека никој во Европа сериозно не размислува за таа одлука. Ако ја донесат, ќе ја разбереме нивната порака и што мислат за нас и за нашиот регион. Нашата земја ќе се развива со молскавична брзина – заклучи Вучиќ.
Предлогот за воведување на таканаречени „ковид-пасоши“ за слободно движење во рамките на ЕУ, што ќе биде предложен на 17 март, ќе важи само за вакцинирање со вакцини одобрени од Европската агенција за лекови (ЕМА). Ова е затоа што неодобрените вакцини нема да бидат опфатени со клаузулата за одговорност и контрола на квалитетот на ЕУ.
Ново на Сител
-
Митев: Знаевме дека мораме да го победиме Катар, ќе пробаме да ја изненадиме Франција
-
Порака на Трамп до светските лидери во Давос: Направете ги вашите производи во Америка или плаќајте царини
-
Лазаров по триумфот над Катар: Верувам во оваа репрезентација
-
Ирак сo закон за амнестија може да ослободи до 30.000 осудени лица, па и оние за напади врз американските војници
-
Македонија со пет гола разлика го победи Катар - втора победа за нашата репрезентација
-
Тримесечно бебе почина во Шуто Оризари
-
Автоматска пушка недостасувала од магацин во Карпош, осомничена полициска службеничка
-
Македонската репрезентација со 4 гола позитива на полувремето против Катар