-->
-->
Вучиќ од Охрид: Ковачевски добар домаќин кој сака да придонесе кон конструктивното продолжување на дијалогот
-->
Му се заблагодарив на мојот пријател Димитар Ковачевски за тоа што како добар домаќин сака да придонесе кон конструктивното продолжување на дијалогот, напиша српскиот претседател Александар Вучиќ на Инстаграм по денешната средба со премиерот Ковачевски во Охрид.
Како што јави дописиникот на МИА од Белград, Вучиќ престојува во Охрид за да учествува на средба на високо ниво во рамките на дијалогот меѓу Белград и Приштина со посредство на ЕУ, чиј домаќин е премиерот Ковачевски.
Ковачевски претходно се сретна и со косовскиот премиер Албин Курти, како и со високиот претставник за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Жозеф Борел и со специјалниот претставник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Царините на Трамп ги урнаа берзите ширум светот: Волстрит и Азија со акции на најниско ниво
-
Најмалку пет англиски екипи следната сезона ќе играат во Лигата на шампионите
-
Уапсен 44-годишен Кумановец, возел мотор со 1,73 промили алкохол во крвта
-
Пациенти од пожарот во Кочани лекувани во Хрватска, Шведска и Италија, денеска се враќаат во државава
-
Насекаде минусни температири, над нулата утрово само во Гевгелија
-
„Ла Тераца“ концесионер на комплексот „Македонско село“
-
Реакции од Кина за царините од САД: Продолжува злоупотребата
-
Претрес во Штип, приведен 44-годишен маж