Вучиќ: Косово не е загубено за Србија
Косово не е загубено за Србија, како што некои тврдат, бидејќи ако беше така, јас немаше да се борам толку силно околу него, изјави синоќа српскиот претседател Александар Вучиќ, при гостување на државната телевизија РТС.
Тој ги отфрли како неточни тврдењата дека високата пратеставничка за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Федерика Могерини веќе подготвила „сеопфатен договор“ за норамизација на односите меѓу Белград и Приштина, кој би предвидувал меѓусебно признавање.
- Ниту ќе има столица за Косово во ОН, ниту какво било решение без учество на Србија, додаде Вучиќ.
Тој оцени дека ќе биде многу тешко да се постигне компромисно решение за Косово, но дека е подготвен за договор дири и по цена да ја жртвува својата политичка кариера со цел српските „деца да не мора во иднина да се занимаваат со тоа прашање“.
- Кого сето тоа ќе се земе предвид јасно е дека нема идеални решенија, а кое и решение да биде предложено јасно е дека ќе биде непопуларно, нагласи Вучиќ.
Тој потенцира дека ќе биде потребен „тежок компрмис“ за Косово, што ќе значи дека „Албнаците не ќе можат да добијат се, ниту Србија да загуби се“.
- Мене ме интересира да направиме се што е добро за народот, а тоа е суштината на се, констатира Вучиќ
Ново на Сител
-
Сашо Мијалков излегува од затвор
-
Вучиќ пристигна во Њујорк заради гласањето на резолуцијата за Сребреница во ОН
-
Путин назначи нов заменик министер за одбрана
-
Гвардиола: Поблиску сум до заминување, отколку до останување во Сити
-
Утре сончево со умерена облачност, попладне со дожд и грмежи
-
Уапсен е врховниот судија Наке Георгиев поради поткуп
-
Откако не му дале пари, со нож се заканил на својот татко дека ќе го убие
-
Сапунот од кокос - благотворен против комарци