Вучиќ ја повлече наредбата за зголемена борбена готовност на дел од српската армија
Српскиот претседател и врховен командант на Војската на Србија, Александар Вучиќ рано изутринава ја повлече наредбата за зголемена борбена готовност на силите за итно и брзо реагирање.
- Претседателот на Србија и врховен командант на Армијата на Србија, Александар Вучиќ рано изутринава, согласно своите овластувања пропишани со Законот за одбрана, им достави на министерот за одбрана Александар Вулин и началникот на Генералштабот на Војската на Србија, Милан Мојсиловиќ, наредба за повлекување на зголемената борбена готовност на силите за итно и брзо реагирање, соопшти Министерството за одбрана.
Војската на Србија во соработка со останатите безбедносни структури, согласно наредбата на врховниот командант, и понатаму ја следи безбедносната ситуација и е подготвена во секој момент да ја заштити својата држава и сите граѓани, без разлика каде живеат, наведува ресорното Министерство.
Ново на Сител
-
Поднесени 18 приговори до ДИК, роковите течат
-
Течат роковите за приговори
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Полицијата го пронајде виновникот за пожарот на мостот „Беласица“: 37-годишникот е веќе во затвор
-
Се гради помалку, но 5 пати поскапо од лани
-
Течат роковите за приговори
-
Почнуваат преговорите, три до четири министерства за ВРЕДИ во новата Влада
-
Грција во исчекување на позициите на ВМРО-ДПМНЕ за Преспанскиот договор