Вучиќ: Го ценам пријателството меѓу Србија, Албанија и Македонија
Српскиот претседател Александар Вучиќ обраќајќи се на онлајн панел-дискусијата „Економски форум на Делфи“ за пристапувањето на Западен Балкан во ЕУ, изјави дека во голема мерка го цени пријателството на трите држави, Србија, Албанија и Македонија, кои се на патот кон ЕУ и дека многу ја цени тешката, посветена работа на комесарот за проширување Оливер Вархеји.
Како што јави допсиникот на МИА од Белград, тој потсети дека Србија, Македонија и Албанија ја започнале иницијативата „Мал Шенген“ со цел да се овозможи слободен проток на луѓе, стоки и додаде дека е благодарен на ЕУ, која се залага за истите вредности.
-Гледаме дека треба да соработуваме не само за прашањето на економските односи, туку исто така сакаме да ги подобриме нашите односи кои имаат врска со инфраструктурата и поврзаноста, кажа Вучиќ.
Тој наведе дека политичката борба за младите и за генерациите што доаѓаат е најважна и дека таа може да се постигне само ако сите заедно соработуваат.
-Кога ќе кажам заедно, мислам на ЕУ и сите земји во регионот, кажа Вучиќ, додавајќи дека не постои одржлива иднина за народите, доколку младите немаат шанса да комуницираат со своите први соседи.
-Сакам владите од сите три земји да градат мостови на доверба и верба, а луѓето од нашиот регион тоа ќе знаат да го ценат, оцени Вучиќ.
На панелот за пристапување на Западен Балкан во ЕУ, каде говореа и еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, албанскиот премиер Еди Рама и поранешниот премиер на Македонија Зоран Заев, Вучиќ оцени дека Србија прави максимални напори на реформскиот пат во европските интеграции, во областа на владеењето на правото, реформите во економскиот сектор и во поддршката за слободни медиуми.
Ново на Сител
-
АМСМ: Камионите се пренасочуваат од Блаце, има проблем со терминалот
-
Путин: Руските сили напредуваат на сите фронтови во Украина
-
Герапетритис: Ќе бидеме строги за верното и доследно спроведување на Договорот од Преспа од Северна Македонија
-
Палчо вечерва слетува во Македонија - ќе биде пренесен во Шутка
-
Грчки пратеник го искина Преспанскиот договор при собраниска седница
-
Пронајдена почината Аргентинка во хотелска соба во Охрид
-
Курти за вонредни избори во Косово: Опозицијата да се подготви, ние сме секогаш подготвени
-
Фицо е во тешка животозагрозувачка состојба