Вратата на пеколот половина век отворена на земја: Џиновскиот кратер што некогаш го запалија Советите се уште гори
Дарваза гасниот кратер, сместен среде пустината Каракум во Туркменистан, длабок 30 метри од себе исфрла огромен пламен поради што го нарекоа Врата од пеколот.
Наоѓалиштето на природен гас го открија советските научници во 1971 година, мислејќи дека се работи за неисцрпно наоѓалиште на нафта. Бидејќи поставија камп, ги подготвија бушилките и работните машини, почна испитувањето на количеството при што сфатија дека не се работи за нафта, како што првично претпоставуваа туку за природен гас. Така почна искапување и складирање на природен гас.
Набрзо по почетокот на искапувањето,под бушилките се отвори голем кратер и ја повлече бушилката во земја. При рушењето не е изгубен ниту еден живот, но почнаа да истекуваат големи количества метан, создавајќи толку голема катастрофа за околината и луѓето во блиските села, што резултираше со смрт на неколку жители на блиските села.
Стравувајќи од катастрофа од поголеми размери и истекување на големи количества гас, научниците одлучија да го запалат гасот кој истекуваше.
Се мислело дека целиот гас ќе изгори за неколку дена, но тоа не се покажа точно зошто количеството на запален гас било преголемо, па и денеска, неколку децении подоцна гасот се уште гори.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ демантира дека разговара за ресори и поделба на власта со „Вреди“
-
ЕУ: Очекуваме соработка со претседателката на Македонија
-
Србија испраќа хуманитарна помош за Газа
-
Бојан Миовски номиниран за фудбалер на годината во Шкотска
-
Излета автомобил од патот Куманово – Скопје, едно лице тешко повредено
-
Драма во Скопје: Претепал жена, а потоа бил агресивен кон полицијата
-
Исчезна Турчинка која престојувала во хотел во Скопје
-
Избувна пожар во куќа во Пласница, зафатена и соседната куќа