Водостопанство „Брегалница“ на средби со земјоделците од Кочанско
Пред престојната наводнителна сезона и пуштањето на водите од Хидросистемот Брегалница, Водостопанство „Брегалница“, подружница од Кочани во изминатите два дена организираше средби со водоскорисниците од повеќе населени места во општината. Средби со земјоделците се одржаа во Горни Подлог, Тркање и Оризари, како една од најголемите водни заедници во регионот.
- На средбата со водокорисниците од Оризари што се одржа синоќа, земјоделците водокорисници ги истакнаа своите проблеми во делот на искористувањето на проточната вода од Оризарска река, како и наводнувањето од Хидросистемот Брегалница, а се интерсираа и за наплатата на заостанатиот воден надоместок, ликвидноста на Водната заедница во нивното населено место за и добвивањето на субвенциите од државата, изјави Николчо Гоцев, директор на Водостопанство од Кочани.
Тој поотенцираше дека барањата на земјоделците во делот на подготовката на каналската и друга дистрибутивна мрежа за користење на водата од Хидросистемот Брегалница се оправдани, но оправдани се и барањата на претпријатието за наплата на искористената вода од нивна страна. Договорено е до почетокот на наводнителната сезона која е закажана за 15 април, земјоделците навреме да си го подмират долгот за водниот надоместок и да ги подготват нивите за сеидба, бидејќи одложување за користење на водата од Хидросистемот Брегалница ќе нема.
Пролетва во општините од регионот на Источна Македонија се планира под ориз да бидат насенани 5000 хектари, а во кочанскиот регион 2.500 хектари.
Ново на Сител
-
Невреме со силен ветар, дожд и град попладнево го зафати кумановскиот регион
-
Врховниот судија Георгиев и членот на совет на обвинители Мемети осомничени за поткуп - Георгиев фатен на дело
-
Љупчо Палевски Палчо пред судија на претходна постапка за мерката притвор
-
Тема на денот со Миле Маркоски декан на ФЗНХ
-
Приватните специјализанти уште еднаш потсетија за нивните барања за поголеми плати и осигурување
-
Врховниот судија Георгиев и членот на совет на обвинители Мемети осомничени за поткуп - Георгиев фатен на дело
-
Љупчо Палевски Палчо пред судија на претходна постапка за мерката притвор
-
Изборен молк - Утре ќе се прегласува во 5 и 6 ИЕ за два пратеника