-->
-->
Водици одбележани во Илинден, богојавленскиот крст во рацете на Марио Димитријевски
-->
Со осветување на водите на езерото на хотелот Белви, што го извршија свештениците од црквата „Свети Константин и Елена“, жителите на Општина Илинден во празнична атмосфера го одбележаа големиот христијански православен празник Богојавление – Водици.
Илјадници граѓани учествуваа во оваа традиционална манифестација којашто во Организација на Општина Илинден, во соработка со свештениците од црквата „Свети Константин и Елена“ се одржува по 12-ти пат.
Точно на пладне, по светата литургија, како што е обичајот, Богојавленскиот крст беше положен во водите на езерото, а по него се фрлија 45 верници. Најсреќен меѓу нив беше 24-годишниот Марио Димитријевски, од населба Илинден, кој по петти пат го фати богојавленскиот крст.
За најсреќниот следуваа пригодни подароци од присутните верници на овој голем православен настан, меѓу кои беше и градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски.
За присутните на манифестацијата, како и секоја година беа обезбедени топли пијалоци, како и традиционалната пифтија.
Празникот Водици – Богојавление народот го празнува како еден од најголемите христијански празници, зашто на тој ден Исус Христос е крстен од Свети Јован Крстител во реката Јордан. Со тоа на овој празник му се дава значење на крштевањето како една од повеќето свети тајни на христијанството. Крштевањето значи и духовно раѓање, односно почеток на човековото живеење во верата. Затоа, кумот се смета за духовен родител на крстениот и најблизок роднина.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ДСЗИ најави забрана на Клиниката за токсикологија за здравствени работници без договори за вработување
-
Во рамки на акцијата „Темпули“ полицијата во Тирана уапси 20 лица и заплени кокаин, хероин и канабис
-
Приведени 14 државјани на Србија кои измамиле германски државјани за милион евра
-
Зголемен бројот на работници во индустријата
-
78-годишен тетовчанец тешко повреден во сообраќајка
-
Утре и задутре локални врнежи, во недела стабилно и потопло
-
Уапсен поранешен помошник министер, поранешен декан и професор на Геодетскиот факултет во Хрватска
-
Палевски тврди дека власта го држи во Турција поради изборите