Водата за пиење во Прдејци може да се користи само како техничка
Јавното комунално претпријатие ,„Комуналец,“ од Гевгелија, поради дефект на цевководот, од денеска забрани водата во селото Прдејци да се користи за пиење и готвење,туку само како техничка.
– Водата е заматена поради скината цевка на долниот дел од цевководот преку кој водата од резервоарот се пренесува до населеното место. Екипите се на терен и работат на отстранување на дефектот, но условите се отежнати поради врнежите од дожд и надојдената вода во реката, велат од „Комуналец“.
– Водоснабдувањето на Прдејци, пред се со вода за пиење, ќе биде нормализирано по отстранување на дефектот и откако ќе се направи проверка на квалитетот на водата за пиење, нагласија комуналците.
До тогаш водата во Прдејци може да се користи само како техничка, а во меѓувреме „Комуналец“ обезбеди цистерна со вода за пиење која им е ставена на располагање на жителите од Прдејци.
Ново на Сител
-
Во Чашка затекнати двајца дрвокрадци од Прилеп
-
Комесар на СЕ за човекови права: Со Резолуцијата за Сребреница, светот се залага за правата на жртвите
-
Пронајдена дрога кај девет гости во скопски дискотеки
-
Пожар во куќа во центарот на Штип
-
Запленети над 400 метри рибарски мрежи за крап на Дебарско Езеро
-
Мотоциклист заврши во болница по судир со автомобил
-
Маж каснат од куче скитник во Скопје
-
Стоилковски: Преговарачкиот процес со коалициските партнери е во напредна фаза и се базира на принципи