Во време на полициски час пловеле со едрилици во Охридското Езеро
Основното јавно обвинителство Струга до надлежниот суд поднесе предлози за издавање казнени налози против четири лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, информираат од ОЈО Струга.
-Двајца обвинети не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Македонија. Во одделни кривично правни настани полициски службеници констатирале дека тие го прекршиле полицискиот час и без да поседуваат дозвола се движеле со пловни објекти – едрилици низ Охридското езеро, велат од обвинителство.
Од таму уште додаваат дека едно лице е обвинето затоа што се движело пеш низ Струга во време кога во сила била забраната за движење на населението согласно Одлуката на Владата на Република Македонија.
-Четвртиот обвинет не ја почитувал задолжителната мерка за строга изолација. Имено, тој по пристигнување на територијата на државата имал обврска да биде во 14-дневен државен карантин во хотел Дрим во Струга. Но од страна на полициските службеници бил затекнат како се движи низ ходникот од објектот, истакнуваат од обвинителство.
Надлежниот јавен обвинител за сите обвинети му предложи на Судот да определи парични казни од 100 дневни глоби, а вредноста на една дневна глоба да биде одредена на 30 евра во денарска противвредност.
Ново на Сител
-
Со нож и се заканија на претседателката на Уставен Кацарска
-
Запален службениот автомобил на директорот на Идризово- оштетена и блиската зграда
-
Уставен го одби барањето на судиите да го врати коефициентот за повисоки плати
-
Европскиот фронт најави тужби до Управниот суд и кривични пријави за членовите на ДИК
-
Без средба, само консултации за идното владино коалицирање
-
Следната недела СДСМ ја почнува постапката за избор на ново раководство
-
МЗ како портпарол на Токсикологија со обвинувања за Нико Беќаровски - професорот негира и најави тужба
-
Македонија 2025: Дијаспората сака да помогне, власта нема слух