Во Турција активни десет шумски пожари
Турските пожарникари трет ден се борат со шумските пожари. Десет пожари се уште се активни, вклучително и три во реонот на летувалиштето Анталија.
Од 98 пожари што избувнаа во средата во различни региони, 88 се ставени под контрола.
Гаснењето на огнот на брегот на Средоземно Море е отежнато од силните ветрови. Голем број региони и хотели се евакуирани, а туристите се однесени на безбедно место.
Во пожарите досега загинаа четири лица.
Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган денеска подрачјата зафатени со шумски пожари ги прогласи за „зони на катастрофи“.
Во меѓувреме, рускиот претседател Владимир Путин во телефонски разговор со Ердоган потврди дека Москва ќе продолжи да дава сеопфатна помош за Анкара во гаснењето на шумските пожари.
Во соопштението од Кремљ се наведува дека во телефонскиот разговор била потенцирана „важноста на соработката помеѓу двете земјите во борбата против природните катастрофи“.
Ново на Сител
-
Течат роковите за приговори
-
Почнуваат преговорите, три до четири министерства за ВРЕДИ во новата Влада
-
Грција во исчекување на позициите на ВМРО-ДПМНЕ за Преспанскиот договор
-
ДУИ чека преговори за Влада - Џафери одбива да говори за опозиција
-
Полицијата го пронајде виновникот за пожарот на мостот Беласица: 37 годишникот е веќе во затвор
-
Мерка на претпазливост, редовно јавување во суд за обвинетите за распределба на спортски ваучери
-
Џунглата во дворот на Владата ги скара Џафери и Арсовска
-
Не запира одливот на медицински сестри од јавното здравство