Во Тетовско се празнуваше Свети Атанасиј
Празникот Свети Атанасиј денеска како патрон го чествуваат православните цркви именувани по светецот, кои се наоѓаат во Брвеница, Седларце, Требош и на тетовско Кале. Митрополитот тетовско-гостиварски г. Јосиф беше во посета на црквите во Брвеница и Седаларце каде ги благослови славските колачи.
-На полноќ се читаше акатист на Свети Атанасиј по што се одржи трикратен опход-литија. Утринава се служеше Златоустова литургија, изјави отец Ивица Спасеновски од црквата Свети Атанасиј во Брвеница.
Православните верници од Тетово останаа доследни на традицијата пеш да искачат на ридот Балтепе каде на Калето се наоѓа црквата Свети Атанасиј. Главна карактеристика на овој ден е што по црковната служба верниците остануваат на дружба и празнична гозба на отворено на Калето.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ демантира дека разговара за ресори и поделба на власта со „Вреди“
-
ЕУ: Очекуваме соработка со претседателката на Македонија
-
Србија испраќа хуманитарна помош за Газа
-
Бојан Миовски номиниран за фудбалер на годината во Шкотска
-
Излета автомобил од патот Куманово – Скопје, едно лице тешко повредено
-
Драма во Скопје: Претепал жена, а потоа бил агресивен кон полицијата
-
Исчезна Турчинка која престојувала во хотел во Скопје
-
Избувна пожар во куќа во Пласница, зафатена и соседната куќа