-->
-->
Во Свиланово, Кочанско ќе се гради спомен парк посветен на Никола Карев
-->
Општините Кочани, Чешиново-Облешево и Пробиштип заеднички ќе го градат спомен паркот посветен на Никола Карев, првиот претстедател на Крушевската република, кој херојски загина со својата чета кај месноста Свиланово на 27 април 1905 година на пат кон родната Македонија.
Одлуката ја верификуваа и Советите на општините, кои со заеднички средства ќе започнат да ја реализираат оваа идеја со што сегашниот споменик на Карев кај месноста Свиланово, ќе прерасне во спомен обележје со многустрано значење.
- На последната седница на Советот на општина Кочани донесовме одлука за изведување градба на спомен обележје на Никола Карев кај меноста Свичаново во општина Кочани. Спомен обележјето ќе се протега на површина од 1.500 метри квадратни и ќе располага со повеќе содржини од кои посетителите ќе ја учат историјата и револуционерната идеја на Карев. Воедно, спомен обележјето ќе биде убаво место за престој на групи посетители, научни екскурзии и истражувачки програми, истакна Ратко Димитровски, градоначалник на општина Кочани.
Финансиките средства за градба и уредување на просторот општините Кочани, Пробиштип и Чешиново-Облешево ќе ги обезбедат од сопствени извори. Се очекува спомен обележјето да биде готово за шест месеци.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Трамп предупреди дека нема да толерира одложување на одговорот на Хамас
-
Приведени шест возачи за управување со возило под дејство на алкохол
-
Приведен 29-годишник од Неготино, поднесени кривични пријави и одредена мерка притвор
-
Приведени две лица, пронајдени дрога, дигитална вага и пари | ФОТО
-
Николоски најави поддршка од два милиона евра за дополнителни проекти во општина Кичево
-
Трендафилов од Штип: Минималната плата мора веднаш да се зголеми
-
Државјани на Египет и Албанија нелегално влегле во Македонија
-
Израелската армија ги предупреди жителите на Газа да не се враќаат во градот