-->
-->
Во Србија пристигнаа нови 40.000 дози на вакцината „Спутник V“
-->
Во Србија денеска пристигна првата количина од вкупно два милиони дози на руска вакцина кои се очекува да бидат доставени во февруари и март.
40.000 дози руска вакцина Спутник V пристигна утрово во Србија – 20.000 дози од првата и 20.000 дози од втората компонента на вакцината, изјави министерот за иновации Ненад Поповиќ.
Поповиќ рече дека други количини, од вкупно два милиони дози на руска вакцина, се очекува да бидат доставени во текот на февруари и март.
Тој исто така изјави дека доаѓањето на руски експерти во Србија се очекува на 11 февруари, кои со српски експерти ќе разговараат за тоа што е можно побрзо да се започне со производство на руски вакцини во Србија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Ќе најде ли ДУИ удобност на левата страна од Собранието - што да очекуваме од новото Собрание
-
Тема на денот со Андреј Петров
-
Африм Гаши избран за претседател на Собрание
-
Од рапер до претседател на Собрание - Кој е Африм Гаши?
-
Нов собраниски состав
-
Силјановска Давкова: На венецот во Рим сакав да пишува РС Македонија, но немаше место
-
Внатрепартиски избори во СДСМ на 30 јуни: Кој ќе влезе во трката за претседателското место?
-
Затворените сали на Хирургија го блокираа цел здравствен систем!