-->
-->
Во Русија се урна мал авион, двајца загинати
-->
Две лица загинаа при пад на мал авион во близина на селото Каљинка, во регионот Хабаровск, во Русија. Претходно, регионалниот оддел на руското Министерство за вонредни ситуации ја потврди оваа информација, наведувајќи дека едно лице загина, а другото е тешко повредено.
Прес-службата на регионот Хабаровск за ТАС потврди дека повредената е 40-годишна жена која претрпела скршеници на двете нозе и се наоѓала во сериозна состојба, но во меѓувреме им подлегнала на повредите. Властите од регионалното обвинителство потврдија дека е започната истрага за оваа авионска несреќа.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Се запали казино во Охрид | ВИДЕО
-
Мицкоски: Скандалозно е вицепремиер да бара од компании да гласаат за СДСМ бидејќи добиле државна помош
-
Кошаркарот од Ѓорче кој ветува промени | Владо Мисајловски | Неформално | Sitel Podcast 033
-
Се дистрибуира доверливиот избирачки материјал од битолската печатница до општинските изборни комисии
-
Ограбена спортска обложувалница на Бит Пазар
-
Повеќе од 30 украински медиумски работници се наоѓаат во руско заробеништво
-
Приведени две лица во Куманово - еден за употреба, друг за продавање дрога
-
Сопружници завршиле во притвор поради меѓусебна пресметка