Во пожарите во Лос Анџелес досега загинале 16 лица

До надлежните служби во Лос Анџелес е пријавено дека во неколкуте пожари во градот и околината досега загинале 16 лица, јавуваат денеска американските медиуми.
Пет лица починале во населбата Палисејдс, а 11 во Итон, наведуваат медицинските служби, пренесува Еј-Би-Си Њуз (ABC News).
Во пожарот во Итон досега се изгорени 14,117 ари, а уништени или оштетени се 7,000 објекти.
Шефот на пожарникарите во Лос Анџелес, Ентони Мароне, изјави дека неговите колеги успеале да локализираат само 15 отсто од пожарот во Итон.
Тој предупреди дека метеоролозите предвидуваат силен ветер до среда, што значително ќе ги отежни напорите за гаснење на пожарот.
Во населбата Палисејдс пожарот продолжува да се засилува и опасно се приближил до населбата Брентвуд.
Денеска треба да пристигнат 70 пожарникари од Мексико за да им помогнат на противпожарните екипи кои се борат со пожарите.
Властите во Лос Анџелес вчера соопштија за најмалку 27 уапсени лица во Палисејдс и Итон. Најголем број апсења се извршени поради кражби, грабежи и поседување дрога, пренесува Еј-Би-Си Њуз.
Ново на Сител
-

Општина Бутел сруши дивоградба во Визбегово
-

Измама со лажен несреќен случај, измамена 70-годишна битолчанка за сума од 20.000 евра
-

Град Скопје со предлог - препораки за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух
-

231 км/ч e најголемата брзина регистрирана од камерите на „Безбеден град“
-

Царина и АХВ потпишаа нов Меморандум за соработка – заеднички против сите обиди за криминал со храна, безбедноста приоритет
-

Во гајба за леб пронајдена кафеава прашкаста материја во „Затвор - Идризово“
-

Одбраната на поранешните градоначалници на Кочани, Папазов и Илијев тврди дека немале никаква надлежност и одговорност за „Пулс“
-

Две лица со закана со остар предмет одзеле пари од малолетничка и го нападнале нејзиниот другар
